На прес конференција на Регулаторната комисија за енергетика, претседателот на РКЕ Марко Бислимовски го објави поскапувањето на струјата, така што цената за домаќинствата се зголемува за 9,48 % и се укинува дневната евтина тарифа. Останува ноќната евтина тарифа и евтината тарифа во недела.
Новата цена ќе биде во важност од 1 јануари следната година.
Бислимовски додаде дека доколку не се тргнела дневната евтина тарифа од 14-16 часот, цената на струјата ќе се зголемела за 14,23 %.
120