Реконструкција на таванот во холот и промена на осветлувањето во Домот за стари лица во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денес, во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник” Прилеп во посета беше градоначалникот на градот Прилеп г-н Борче Јовчески по повод реализиран проект во домот. ЛАГ АГРО ЛИДЕР во соработка со ЕВН Македонија и Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник” Прилеп успешно спроведоа проект за реконструкција на таванот во холот и промена на осветлувањето со цел подобрување на условите за живот на штитениците во домот. Овој проект е поддржан од Австриското министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи, а особен придонес во негова реализација има Австриското Аташе г-н Харалд Фугер.

 

Грижата за лицата од трета доба треба да биде приоритет на секоја заедница, а сведоци сме дека во последниов период се одвиваат низа активности во домот за стари лица во Прилеп. Денешната средба со претставници од ЕВН Македонија беше одлична прилика за разгледување на нови можности во иднина. ВД директорот Благојче Стојаноски планира нови иницијативи во иднина, а неговата отвореност за соработка е поттик за ЛАГ АГРО ЛИДЕР во соработка со свои донатори и соработници во своите програмски активности да му даде приоритетно место на домот за стари лица во Прилеп.

Ова е успешна приказна за заедничка соработка помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор со заедничка цел – подобар живот за лицата во трето доба и заеднички придонес за локалната заедница, и се надеваме дека ќе има упте многу успешни иницијативи во иднина.

Автор: ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи