Возете одговорно и безбедно, апелираат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Бидете внимателни за време на Новогодишните празници. Возете одговорно и безбедно, апелираат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Од РСБСП препорачуваат во текот на Новогодишните празници да не се вози под дејство на алкохол. возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот и да ги почитуваат правилата за нејзиното ограничување, да не се користи автомобилот доколку немате потреба, да се  користи зимска опрема. Се препорачува возилото да биде технички проверено и исправно, постојано да бидеме информирани за состојбата на патиштата, да се внимава на ниските температури и на појавите на снег и голомразица. Од РСБСП наведуваат дека не треба да се користи и мобилен телефон додека возите, да се користи сигурносен појас и  да се почитуваат ги правилата и сите учесници во сообраќајот.

„Новогодишните празници се време за одмор и уживање, за радост, споделена среќа и дружење со најблиските! Токму затоа тие се и период на поголема раздвиженост на луѓето, зголемен број на возила на патиштата и повеќе патувања. Прославете ги одговорно и возете внимателно и безбедно. Не дозволувајте непромислена грешка во сообраќајот да го наруши спокојството и благодетот. Обрнете внимание на зголемената фрекфенција во сообраќајот, вклучете се во него совесно, возете одговорно и патувајте безбедно до посакуваната дестинација“, се посочува во апелот од РСБСП.

Заеднички интерес на сите нас, се подвлекува, е намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди и подигањето на свеста за совесно учество во сообраќајот.

„Да покажеме дека културата на однесување во сообраќајот, особено за време на Новогодишните празници е на издигнато ниво. Заеднички да придонесеме за зголемувањето на безбедноста на секој учесник во сообраќајот“, се вели во соопштението од РСБСП.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи