Зголемување на информираноста кај локалното население за достапноста на е-услугите во општините е клучна за нивна поголема искористеност во руралните средини

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Рурална Коалиција ги презентираше извешатите од граѓанскиот мониторинг на локалните е-услуги кој што го вршеа локални набљудувачи во општините Старо Нагоричане, Врапчиште и Кривогаштани. Имено, во периодот ноември-декември 2021 година Рурална Коалиција во соработка со локалното население како и администрацијата во општините, врз основа на претходно изработени алатки за граѓански мониторинг,  спроведуваше мониторинг на електронската комуникација и достапноста на е-услугите во руралните општини. Беа мониторирани веб страниците на општините, нивниот степен на препознатливост, но и комуникативност со локалното население, како и поставеноста со електронските услуги нивната разбирливост од страна на граѓаните, предизвиците со кои што се соочува општинската администрација, а во делот на достапноста и квалитетот на е-услугите.

Навременото ажурирање на веб страниците на општините, деталните и лесно достапни електронски услуги, но и упаства за нивно користење, целосната дигитализација на услугите, можностите за електронска наплата, но и воведување на поголем обем на услуги се само дел од препораките кои што може да се прочитаат низ извештатите изработени токму од страна на граѓаните. Клучна пак улога за квалитетни е-услуги, но и нивна поголема искористеност е едукацијата, но и информираноста кај локалното население, како и вклучување на младите во промовирањето, но и директната поддршка на терен при аплицирањето и издавањето на е-услугите.

Проектот „Достапност на локалните е-услуги – чекор напред или чекор назад во реформата на jавната администрациjа“ кој што го спроведува Рурална Коалиција од јуни оваа година е насочен кон заjакнување на граѓанскиот мониторинг на давање на е-услуги од страна на руралните општини преку развоj на препораки и застапување за дигитализациjа на локално ниво. Проектот ќе трае до 28 февруари 2022 година.

Проектот е финансиран во рамките на проектот за креирање на овозможувачка околина во земјите од ЗБ за мониторинг на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество – WeBER 2.0 финансиран од страна на Европската Унија. Проектот WeBER 2.0 се спроведува од Центарот за европски политики – ЦЕП (Србија) како водечки партнер и партнерските организации: Институтот за демократија и медијација (Албанија), Иницијативата за надворешна политика (Босна и Херцеговина), Групата за правно-политички студии (Косово), Институтот Алтернатива (Црна Гора), Институтот за европска политика (EПИ) (Северна Македонија) и Центарот за европска политика (Белгија).

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи