Објавени добитниците на стипендии од МОН за втор и за трет циклус студии за 2021/2022

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за образование и наука денеска ги објави листите на добитници на стипендии за студии од втор циклус и за студии од трет циклус во земјава за академската 2021/2022 година од конкурсите распишани на 30 јули 2021.

Листата за добитници на стипендија за студии од втор циклус, можете да ја видете ОВДЕ.

Листата за добитници на стипендија за студии од трет циклус, можете да ја видете ОВДЕ.

Добитниците на стипендија на домашна адреса ќе добијат решение за прифаќање на апликацијата и ќе бидат дополнително контактирани за потпишување на договорите за доделување на стипендијата.

Кандидатите кои не се на списокот на добитници на стипендијата, на домашна адреса ќе добијат решение во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена, како и упатство за правно средство против донесеното решение.

Незадоволните кандидати до Министертството може да достават претставка со цел повторно разгледување на нивната пријава.

Како што е наведено во објавата на МОН, поради неисполнување на квотата од број на стипендии предвидени за доделување, останува отворен Конкурсот за стипендии за студии од втор циклус за 2021/2022, а поради исполнување на квотата се затвора  Конкурсот за стипендии за студии од трет циклус.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи