Околу 260 илјади ученици во основните и средните училишта од денеска се на зимски распуст кој што ќе трае до 19 јануари.
На 20 јануари, според календарот на МОН за организација на наставата, започнува второто полигодие од учебната година и учениците траба треба да се вратат на училиште.
Според надлежните, состојбата со ковид-19 е стабилна во Македонија, со само еден потврден случај на омикрон.
По препорака на Комисијата за заразни болести и со одлука на Владата, учебната 2021/2022 на 1 септември почна со отворени училишта и настава со физичко присуство за сите ученици организирана според утврдени антиковид-протоколи. Исклучок се учениците ослободени со медицински потврди, за кои беше организирана он-лајн настава.
122