Бизнисменот Орце Камчев, од вчера со дозвола на Основниот кривичен суд Скопје од затворот во Шутка е на прегледи во приватната болница „Аџибадем Систина“.
Обвинетиот Камчев, во средата попладне се пожалил на здравствени проблеми, а Основниот кривичен суд дозволил тој да биде префрлен на лекување во „Аџибадем Систина“, пренесува „Слободен печат“.
Камчев бил задржан на дополнителни медицински анализи и процедури потребни за утврдување на неговата здравствена состојба која била оценета како влошена.
Тој е обвинет во случајот „Плацеви на Водно”, чие рочиште е закажано за средината на јануари.
94