Цената на парното греење во Скопје од 1 јануари ќе се зголеми за 14 %, што значи дека се враќаме на ниво на цената на топлинската енергија од 2018 година, информираше претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.
Овој процент, како што рече Бислимоски е она што може да го направи Регулаторната комисија, иако компаниите бараа енормно зголемување на цената, но не е фер трошокот за природниот гас да падне на грбот на граѓаните.
Тој информираше дека вчера упатил апел и до Владата и до Град Скопје и до скопските општини да помогнат. Владата, според него, презема одредени чекори кои ќе ги објави во наредниот период за да се најде начин како да се покрие трошокот за набавка на природен гас.
102