Како Генерален директор на Друштвото 11 Октомври Еурокомпозит АД Прилеп сакам да изразам голема Благодарност до Владата на РСМ од мое име и од името на сите поранешни и сегашни вработени за дореализација на Законот за доплата на пензискиот стаж на сите вработени од шести месец 2012 год. до 30.09.2019 год. Вели во денешниот пост на својот ФБ профил, генералниот директор на „Еурокомпозит“, Милан Тоцев.
„Сакам да ја информирам јавноста дека Владата обезбеди 1.700.000,00 eвра кои треба денес да се уплатат за да се подмират трошоците за Пензиско и инвалидско осигурување на вработените.
Голема Благодарност до поранешниот Премиер Г-дин Зоран Заев, како и до Потпреседателот на Владата и Министер за економски прашања Г-дин Фатмир Битиќи и неговиот тим за успешното реализирање на Законот.
Ова многу ќе значи за сите вработени во Друштвото, а посебно за моментално пензионираните работници кои во иднина ќе имаат право на повисоки пензии.
На сите Ви посакувам пред се добро здравје во Новата 2022 година, остварување на повисоки пензии и успех“, вели Тоцев.
128