Честитка од претседателот Пендаровски по повод новогодишните празници

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Претседателот Стево Пендаровски, по повод новогодишните празници, упати честитка до граѓаните на Република Македонија.

„Испраќаме уште една година што ја поминавме со пандемијата која одзеде многу животи. Година во која во две големи несреќи загубивме многу наши сограѓани, загуби какви што одамна не паметиме.

Пожртвуваноста, солидарноста и одговорноста на здравствените работници, спасувачките служби, волонтерите и другите луѓе со добра волја кои ги премостуваа етничките, верските, политичките, социјалните разлики за да им помогнат на оние на кои им беше потребно, се нашите херои за оваа година.

Дочекувајќи ја новата 2022 година, да се свртиме кон надежта и вербата кои ќе ни помогнат да изградиме просперитетно општество во кое сите ќе бидеме еднакви пред законот. Општество кое ќе се грижи за послабите, ќе ги вреднува и наградува доблесните, во кое младите ќе сакаат да останат и да се остварат во својата држава.

Ви посакувам спокојни празнични денови со вашите семејства и пријатели и новата 2022 година да ни донесе многу здравје.

Среќна нова година“, порачува Пендаровски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи