Банка по грешка уплатила 155 милиони евра на илјадници сметки


Британската банка Сантандер исплатила вкупно 130 милиони фунти (175 милиони американски долари) на клиентите по грешка на 25 декември.

Вкупната исплата е поделена на 75.000 трансакции за околу 2.000 корпоративни и комерцијални клиенти, се вели во соопштението на Сантандер објавено во четвртокот.

„Жал ни е што поради технички проблем, некои плаќања од нашите корпоративни клиенти беа неправилно дуплирани на сметките на примачите“, се вели во соопштението од банката.

Од банката нагласиле дека веќе почнале разговори со други банки кои ќе се обидат да ги вратат парите од сметките на нивните клиенти. Не е јасно како ќе постапат банките во случај нивните клиенти веќе да ги имаат потрошено парите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи