На иницијатива на прилепските планинари и љубители на природата, Владимир Јованоски и Пеце Илиоски, денеска се постави реконструираната топка на највисокиот врв во прилепско – Козјак, кој се наоаѓа на 1.747 мнв. Топката за прв пат е поставена во 2001 година од страна на ПСД Козјак, по повод 50 годишнината од формирањето на ова планинарско друштво. Денес 20 години од поставувањето, топката се реконструираше, бидејќи пред извесен период истата падна од ветровите и беше оштетена.
Погледнете фотографии од тоа како била поставена во 2001 година, како се реконструираше сега, но исто така погледете го и видеото од нејзиното денешно повторно поставување на Козјак.
232