ВИДЕО – Комплетно реконструиран објектот на ОВР Прилеп


Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска во Прилеп, на првиот ден од новата година, го посети комплетно реконструираниот објект на ОВР Прилеп. Спасовски истакна дека ова бил 70-тиот реконструиран објект, а во план било да се реконструираат уште 10 објекти на МВР.

„Објектот е комплетно обновен како дел од проектот за обновување на објекти и создавање на подобри услови како за македонските полицајци така и за остварувањето на правата на граѓаните. Можам да констатирам со задоволство дека ова е еден од најубавите објекти, каде е задржан автентичниот изглед. При тоа користени се материјали за енегертска ефикасност, за зачувување на животната средина и сметам дека од денеска сите вработени во ОВР Прилеп ќе имаат многу подобри услови за работа и дека многу помотивирано ќе пристапуваат кон секој предизвик од апспект на безбедноста, а и граѓаните на Прилеп ќе имаат можност да ги остваруваат своите права во ОВР Прилеп во едни поинакви услови, какви што тие ги заслужуваат. Одржавме и работен состанок со раководството на ОВР Прилеп. Ме брифираа за состојбите на работењето. Имаме значителен напредок во делот на безбедноста, во споредба со изминатиот период, во споредба со 2020 година. Криминалитетот е намален дури за 30%. Имаме зголемување на ефиканоста во работењето за 6% по сите линии на работење на МВР“, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи