Во 00.55 минути се роди првото женско бебе во Прилеп во новата 2022 година. Мајката Ивона Смилеска истакна дека ова и е второ женско дете. Бебето е тешко 3 кг. и долго 47 цм.
„Многу сум среќна и благодарна од тимот на целата болница, посебно од докторката Изабела, пресреќна сум што на ваков ден добив втора ќеркичка“, рече мајката Ивона Смилеска.
Тимот од прилепската болница истакна дека мајката и бебето се наоѓаат во одлична состојба.
„Најпрво сакам да посакам на сите среќни новогодишни и Божикни празници на сите мои сограѓани, со желба за добро здеавје, среќа и љубов. Во новата година ние донесовме на свет 2 женски новороденчиња, честитки до родилките што на свет донесоа здрави живи бебиња, на пат е и третото бебе го очекуваме да се роди. Во Новата година посакувам уште голем број на семејства да се остварат како родители, да има уште поголем број на бебиња. Заедно да се радуваме и да постигнуваме уште поголеми успеси“, рече д-р Изабела Чочева-Талеска, гинеколог.
„Првороденото дете е женско, второ на мајката, доносено дете, 39 гестациска недела, 3 кг. тешко, 47 см долго, во одлична општа состојба“, додаде д-р Лилјана Христоска, неонатолог.
Градоначалникот Борче Јовчески утринава ги посети мајката и бебето, и во името на Општина Прилеп им подари штедна книшка со 15.000 денари и други пригодни подароци за бебето.