Сакам да ја информирам македонската јавност дека оваа новогодишна ноќ е една од најмирните, без нарушување на јавниот ред и мир, без кривични дела, без поголеми сообраќајни несреќи. Истото се случува и на подрачјето на СВР Битола, како и во Прилеп. Ова го истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, при денешната посета на ОВР Прилеп.
„Имаме едно нарушување на јавнииот ред и мир во Скопје, сообраќајна несреќа, која за среќа нема фатален исход, нема жртви и потешко повредени. Благодарам на сите граѓани кои празнуваа одоворно и кои што придонесоа практично сите заедно да направиме новогодишната ноќ да ни помине мирно и безбедно“, рече Спасовски.
102