Над 46,4 милиони евра е годишниот приход од наплата на патарини на Јавното претпријатие за државни патишта во минатата година, што е за 2,8 милиони евра повеќе во однос на 2019, а за 12,1 милион евра повеќе во однос на 2020 година. Над 25 проценти од вкупните средства лани се остварени преку електронската наплата на Коридор 10.
Годинава ЈПДП очекува приход од над 50 милиони евра, ставање во функција и на наплатните станици Преод и Кадрифаково на автопатот Скопје-Штип, како и електронски систем на наплата на постојните патарини на Коридор 8.
„Зголемувањето на приходите значи и зголемување на инвестициите, зголемување на градбите, рехабилитациите, реконструкциите, изградба на нови патишта, доизградба на започнатите патишта, подобрување и подобро одржување на патната инфраструктура во држава со крајна цел сигурни и безбедни патишта за граѓаните“, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Ејуп Рустеми за МИА.
93