Над 20 проекти реализирани во 2021во Крушево – десетина се очекуваат и во 2022

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Општина Крушево во 2021 година реализира повеќе од 20 проекти, а во тек се уште десетина проекти чија реализација ќе заврши во 2022-ра година.

„Во годината што изминува реализиравме многу важни проекти. Водоснабдување, патишта, канализации, проекти во туризмот, проекти посветени на млади, социјални групи и друго. Благодарение на завршените проекти и оние кои се започнати достигнавме сума од 7 милиони евра во проекти за 4 години во Крушево.“, вели градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Најважното од се, според градоначалникот Христоски, се двете инвестиции во изградба на фотоволтаични електрани и изградба на термоелектрани.

„Општината истовремено се справуваше со коронавирусот кој беше голем предизвик и во 2020-та и оваа 2021-ва. Но, граѓаните очекуваат проекти затоа што мора да се продолжи со реализација, решавање на проблеми и одговор на барања. Затоа, водевме битка на два фронта и мислам дека успеваме. Важно е, заедно да продолжиме“, потенцира градоначалникот на општина Крушево.

Реализирани проекти во 2021

Во 2021 година се обезбедија две инвестиции во Крушево:

  1. Изградба на фотоволтаични електрани
  2. Инвестиција во изградба на термо електрани

Во 2021-ва со гасификација и опремување на теретана се заокружи проектот за реконструкција и проширување на намената на спортската сала.

Се оспособија сала за театар и кино и просторија за советот со опрема за пренесување на седниците во живо. Горната училишна зграда е пред технички прием.

Во викенд зоната „Езеро“ се постави осветлување кое го направи ова место популарно и во вечерните часови, а со финансиска и логистичка поддршка на Халкабанка АД Скопје и НЛБ банка АД Скопје се реконструираше малиот мост и изврши промена на оградата на браната заедно со изградба на пристапна патека. Со Халкбанка се обезбеди и училиштен прибор за првачињата.

Се санираа над 2 километри локални улици, а нов асфалт добија:

  1. Платото на Гумење
  2. Главната сообраќајница
  3. Ќиро Фетак
  4. Партизанска
  5. Во тек е дел од ул. Питу Гули
  6. Во тек е процедура за реконструкција на патот Врбоец – Св. Митрани – Кривогаштани

Во 2021-ва година продолжи опремување на ТППЕ Крушево и со тоа подобрување на услугите кон граѓаните. Се реконструира просторијата на Единицата и заградата во која е сместена доби нов лик. Општина набави нова опрема, а во тек е обезбедување на дополнителна заштитна опрема за вработените.

Во населените места се работеше на улици во Борино, а во ова населено место се реновира училиштето. Во Јакреново при крај е целосно имплементирање на проектот за водоснабдување. На изградба на резервоар во завршна фаза и во Пресил.

Отпочната е постапка за реконструкција и доградба на училиштата во Бучин и Пресил, а се подготвува техничка документација за училиштата во Алданци и Врбоец. Во областа на образованието тековно се работи на реконструкција на фискултурната сала во ООУ „Никола Карев“ Крушево и целосна промена на кровната конструкција.

Последните два месеци од 2021-ва донесеа нов проект со општина Елбасан од Албанија во областа на туризмот. Проектот изнесува над 700 илјади евра и вклучува:

  1. Изградба на паркинг до полетувалиштето
  2. Поставување на две мерни станици
  3. Оспособување на патека за „даунхил“ (планински велосипедизам)
  4. ЛЕД осветлување

Владата донесе одлука за набавка на камион за отпад и теренско возило за ЈП „Комуна“ Крушево.

„Наредната 2022-ра година продолжуваме со работа на патната инфраструктура, образованието и туризмот. Тековните проекти и најавите за нови покажуваат дека сме посветени и продолжуваме да ја градиме општината по патот на развојот. Во 2022-ра реконструкција на училишта во населените места, реконструкција локални патишта, набавка на опрема за Комуна и ТППЕ, подобрување на понудата во туризмот. Ова е нашиот фокус.“, заклучи градоначалникот Томе Христоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи