Денеска е регистриран висок број заразени во споредба со статистиката од последниот период, кога имаше најмногу 500.
Во изминатово деноноќие реализирани се 7.483 тестирања за ковид-19, од кои 1.197 позитивни: Скопје – 766, Битола – 94, Прилеп – 56, Кавадарци – 38, Велес – 31, Охрид – 24, Гевгелија – 23, Куманово – 18, Ресен – 16, Тетово – 15, Штип и Струмица –по 12, Кочани -11, Неготино, Крива Паланка и Радовиш – по 10, Делчево и Валандово-по 7, Струга и Богданци – по 5, Гостивар и Свети Николе – по 4, Македонски Брод – 3, Берово, Пробиштип, Демир Хисар, Крушево, Демир Капија и Дојран – по 1.
Починати се 12 пациенти, а дополнително од Мој термин пријавени се уште 3 лица. Последен пат четирицифрена бројка на новозаразени Македонија регистрирала на крајот од август минатата година.
132