Лукаревска: Проектот Мој ДДВ нема да се укине

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Директорката на Упавата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска како шпекулација ги оценува тврдењата дека ќе се укине прoектот Мој ДДВ.

„Сметам дека Мој ДДВ е еден од поуспешните проекти. Длабински го работевме и чекор по чекор го унапредувавме и ќе продолжиме да го унапредуваме. Заеднички ќе ги утврдиме сите проекции дали ќе има простор за зголемување на лимитот за поврат на средствата и навремено ќе ја информираме јавноста. Досега имаме околу 350 илјади корисници на мерката Мој ДДВ и од самиот старт до сега имаме вратено повеќе од три милијарди денари назад кај корисниците на мерката, така што ги отфрлам сите шпекулации дека ќе се укине оваа мерка“, рече Лукаревска во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во УЈП.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи