Омикрон откриен кај 9 пациенти

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Кај 9 пациенти е откриено присуство на новиот сој на Ковид-19, омикрон. Осум се од Скопје и еден од Кочани, со ова, бројот на дијагностицирани пациенти со омикрон во Македонија се искачи на 10.

„Во лабораторијата изработени се 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци. Од вкупниот број тестирани, кај 9 пациенти, детектирана е Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5% од позитивните примероци“, истакна Министерството за здравство.

Од оние информации што засега се познати околу новиот сој е дека Омикрон се шири многу побрзо од претходните соеви, но добра вест е што трае само неколку дена и се манифестира со лесни симптоми.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи