ВИДЕО – Се шверцува тутун од Албанија и Бугарија и се продава како домашен – опозицијата бара измени во Законот за тутун


Ниту проблемите со тутунот не ги обединија власта и опозицијата. На денешната средба во Прилеп помеѓу градоначалниците и пратениците од од Пелагонискиот регион, не дојдоа претставниците од СДСМ. Наредната недела пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат предлог за измена на Законот за тутун, да се стопира увозот на оваа култура, се додека не се откупи домашното производство до последниот лист. Со тоа се надеваат дека ќе се подобри просечната откупна цена која во моментов се движи околу 180 денари, а со која тутунарите воопшто не се задоволни.

„Пред неколку денови остварив средба и со здруженијата на тутунопроизводители и се обративме до државниот земјоделски инспекторат да ангажиира што е можно повеќе инспектори кои ќе бидат присутни на пунктовите со што би се избегнала можнат манипулација“, истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Од опозициијата обвинуваат дека според нивни информации лани и годинава се правел шверц на тутун од Албанија и Бугарија кој потоа се продавал како домашен и со тоа се уривала цената на македонското производство.

„Имаме информациии дека и минатата година и сега дека се дозволува огромен шверц на тутун од соседна Албанија и Бугарија, се носи тутун по 60 до 90 денари за килограм и плус тој тутун се предава како домашен и се земаат субвенции. Јас во изминатиот период на поранешниот министер за земјоделство му доставив докази за лица кои не произведуваат тутун, а имаат склучено договори на огромни количини, но до ден денес не добив одговор за тоа ниту се изврши било каква инспекција“, рече Петар Ристески, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозицијата исто така побараа да нема реваншизам од откупувачите кон оние тутунари кои ќе побараат второстепена комисија за проценка, а исто така да се зголеми и излегувањето на инспекторатот на терен. Ако лани имало вишок тутун и низок квалитет, годинава имало помалку тутун со одличен квалитет и просечната цена не требала, според нив, да биде под 230 денари за килограм. Досега се откупени 10 милиони килограми од проиведени околу 20 милиони килограми.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи