Левица – Прилеп: Инспекциите продолжуваат во заштита на Горан Сугарески и неговите бизниси

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Долгогодишниот државен фукционер од редовите на СДСМ (поранешен Министер за транспорт и врски, директор на Царинска управа и кандидат за градоначалник на Прилеп) свесно и од позиција на моќ ги контролира инспекциските служби во градот за контрола на користењето на јавниот простор, велат од Левица Прилеп.

Соопштението го пренесуваме во целост.

„Во заштита на неговите бизниси му излегува во пресрет и поранешниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески кој како комунален инспектор не превзеде ниту една акција за да ги заштити интересите и правата на прилепчани.

Малку му беше прекршувањето на Програмата за утврдување на критериумите и стандардите за поставување урбана опрема – дозволи за таканаречени „летни бавчи”, кои ги кршат сите правила и наликуваат на „цврсти градби”, затворени од сите страни со ПВЦ дограма, и кои располагаат со одвод, довод, па дури и со парно греење, па сега од самите тие “бавчи” почна да го загадува и амбиентниот воздух кој сите го дишеме и тоа во строгото централно градско подрачје.

-Правен дел:
Прекршен е Закон за квалитетот на амбиентниот воздух со што ги надминал граничните вредности наведени во чл 15, ст. 1.
Овој закон во член 77 предвидува:
“Глоба во износ од 8 000 евра до 20 000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице доколку испушти во амбиентниот воздух загадувачки супстанции над пропишаните гранични вредности за емисија (член 15 став (1))”.“, велат до Левица Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи