Министерството за здравство соопшти дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARS CoV2.
Од изработени 56 примероци позитивни на SARS CoV2, како што се посочува, 33 се позитивни на Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 59 % од позитивните примероци.
Оваа варијанта е детектирана кај 16 пациенти од Скопје, 10 од Охрид, четворица од Тетово, 2 од Кавадарци и 1 од Кочани.
Кај тројца пациенти од Скопје истовремено е детектирана комбинација од двата вируса Influenza A i SARS CoV 2, информираат од Министерството.
99