11 години постоење на „Прилеп – Стари Фотографии“ – досега објавени 21.244 фотографии

Добро позната фан страна „Прилеп – Стари Фотографии“, на социјалната мрежа Фејсбук, денес одбележува 11 години од своето постоење.

„Драги пријатели, nа денешен ден пред точно 11 години ја поставивме првата фотографија на ФБ профилот (денес Фан страна) „Прилеп – Стари Фотографии“ со што го означивме почетокот на едно убаво дружење со фотографиите од нашиот град Прилеп. 

A пред 10 години, со надчовечки напори успеавме да ги пребродиме сите предизвици, и со само-финансирање да ја создадеме веб страницата www.oldprilep.com, која од идеја прерасна во прекрасен медиум со одлична заедница, медиум кој успеа да ги надмине проблемите и да биде пример за одлична соработка со секој добронамерник.

Иако мал тим успеавме да изградиме одличен и почитуван медиум кој има што да каже и да покаже а притоа останавме имуни на секакви партиски и националистички притисоци.

Особено се гордееме за пријателствата кои ги надминаа тастатурите и продолжија и надвор од сајтот и ФБ профилот „Прилеп – Стари Фотографии“.

До денес на веб страницата www.oldprilep.com имаме поставено точно 21.244 фотографии, разместени тематски и хронолошки во 1563 постови.

Во иднина планираме да продолжиме со исто темпо“, велат од тимот на „Прилеп – Стари Фотографии“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи