Премиерот на Бугарија доаѓа во Македонија по повод 30 години од бугарското признавање на независна Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Бугарскиот премиер Кирил Петков ќе го посети Скопје на 18 јануари, а повод за посетата е 30-годишнината од бугарското признавање на независната македонската држава, соопшти бугарската влада. Петков ќе биде придружуван од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и министерот за транспорт Николај Субев.

Од бугарската влада велат дека посетата ќе одбележи нов почеток во развојот на односите меѓу двете земји и ќе ги нагласи следните чекори кои што двете земји ќе ги преземат за решавање на отворените прашања.

„Треба да го промениме разбирањето за тоа што всушност значи Република Македонија да преговара со ЕУ и во иднина да биде дел од неа. Да зборуваме за користа која што ние и Република Македонија ќе ја имаме од тој процес“, вели премиерот Петков за посетата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи