Македонија ќе биде домаќин на голема НАТО конференција

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за одбрана соопшти дека годишната конференцијата за информации и комуникации на НАТО, најголемиот настан во доменот на стратегиските комуникации на Алијансата наесен ќе се одржи во Македонија.

Според соопштението, на конференцијата во Скопје ќе пристигнат околу 500 НАТО-експерти за стратегиски комуникации од сите земји членки на Алијансата и од околу 40 партнерски земји.

Конференцијата претставува годишен форум на кој се разговара за комуникациските функции и планови на Алијансата, а се разменуваат и искуства и научени лекции за актуелните и идните предизвици во областа на стратегиските комуникации.

Довербата од сојузниците, како што наведува министерството, да ја организира оваа конференција во Скопје, ја доби во 2020 година, но нејзината реализација беше одложена поради рестрикциите предизвикани од ковид-пандемијата. Во 2020 и во 2021 година конференцијата се одржа со видеоконференциска врска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи