За новиот премиер нов прибор за јадење – Владата ја подновува кујната за над 37.000 евра, 88 евра една чинија, а 10 евра нож

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Новиот премиер во Владата ќе биде дочекан со нов прибор за угостителство. Службата за општи и заеднички работи ја подновувава владината кујна. Покрај бела техника набавува и нови прибори за јадење, со највисок квалитет, порцелан, инокс и кристал.

Договорот вреден над  37.000 евра го добија три фирми -„Еурефи Инжинеринг“, „ДЛ Конкорд“ и „Дидакс“ сите од Скопје. Тие треба да достават до владината сужба, висококвалитетна бела техника- софистицирани електрична и плинска скара, витрина, шок фрижидер од инокс, фрижидер за замрзнување храна, апарат за пеглање, стик правосмукалка, машина за пакување храна…Но, и повеќе комплети на најразлични прибори за јадење за владината кујна.

Така чиниите во најразлични форми по 30 и 60 парчиња треба да бидат изработени од тврд поцелан со висок сјак кој е отпорен на гребење и да бидат бели со златна линија. Ножевите, вилушките и лажиците, пак, исто по 30 или 100 парчиња треба да бидат изработени од високоотпорен нерѓосувачки инокс. А чашите од по 30 парчиња треба да бидат кристални.

За прибор за угостителство ќе плати над 17.000 евра. Така за само еден вид чинии за главно јадење владата ќе плати по 4.588 денари без ДДВ, или една чинија со ДДВ ќе ја чини над 5.400 денари или неверојатни 88 евра по чинија. Бидејќи бара 30 парчиња само за нив ќе плати околу 2.650 евра. Останатите чинии чинат по околу 50 евра за парче, или од 1.144 денари тие за десерт, до над 3.700 денари парче за други за главно јадење. Еден нож од инокс за главно јадење чини неверојатни 639 денари  или 10,4 евра за парче.

Повеќе прочитајте на порталот ММС.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи