Мирчески: Законот за увоз на необработен тутун ја намали побарувачката кај откупувачите за нашиот тутун и ја намали цената

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Господине Димковски, доста не убедувате дека тутунарите ниту знаат ниту разбираат нешто, ваше е да не послушате дека имаме голем проблем кој ВИЕ треба да го решите бидеќи за тоа сте и платени. Затоа ќе ви објаснам неколку едноставни но логични работи. Вели во својата реакција до заменик министерот за земјоделство, Трајан Димковски, Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија

Реакцијата ја пренесуваме во целост. 

„Покрај тоа што тутунарите знаат да произведуваат тутун, знаат да направат и споредба и есап.

Па повелете прочитајте и вие споредете: Анализа за три години пред законот со кој се дозволи увоз на необработен тутун!!!

  • Реколта 2017 постигната просечна цена 215,6 денари. Производна цена 156.7 денари. Заработувачка по килограм 58,9 денари.
  • Реколта 2018 постигната просечна цена 214 денари. Производна цена 169,3 денари. Заработувачка по килограм 44,7 денари.
  • Реколта 2019 постигната просечна цена 220 денари. Производна цена 178,7 денари. Заработувачка 41.3 денари. ПОБАРУВАЧКАТА НА КОМПАНИИТЕ Е НАД 25 МИЛИОНИ КИЛОГРАМИ.

Анализа после донесување на законот за увоз на необработен тутун:

  • Реколта 2020 постигната просечна цена 159 денари. Производна цена 195,5 денари. Загуба по килограм 36,5 денари. Намалување на договореното производство на 23 милиони килограми.
  • Реколта 2021 просечна цена на половина предадено производство 190 денари. Производна цена 217 денари.

Според овие бројки тутунарите и во оваа реколта ќе го продадат родот по евтино од она што чини еден килограм произведен тутун. Намалување на договореното производство на 22 милиони килограми. Е ова се БРОЈКИТЕ од вашите успешни политики г.Димковски. Нас не не манипулира опозицијата почитуван господине, револтот е од празниот стомак и сиромаштијата и од вашата неспособност да не заштитите.

И затоа или СВЕСТЕТЕ СЕ и почнете да работите за народот или колку побрзо заминете толку подобро за земјоделците“, вели Мирчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи