Општина Крушево: Одбојкарскиот клуб Јанта на подготовки во Крушево, инвестициите во спортската сала даваат плод

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Од 09.01.2022 на спортски подготовки во спортската сала е одбојкарскиот клуб Јанта. Со ова се докажува дека инвестициите во спортската сала уште веднаш вродуваат со плод, велат од Општина Прилеп.

„Започнавме со привлекување на националните тимови и клубовите на висински подготовки во Крушево.Спортската инфраструктура, одличните услови, како и содржините кои ги овозможуваме во спортската сала стануваат привлечни и посакувани за спортските екипи и спортистите.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Во спортската сала изминатиот период се работеше на реконструкција, проширување на намената со поставување на карпи за искачување, опремување со спортски реквизите, изградба на инфраструктура за гасификација и оспособување на теретана.

Овој проект беше дел од „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност финансиран од ЕУ, администриран од Светска банка и имплементиран од Канцеларијата на проектот, Канцеларијата на вицепремиерот за економски прашања и општина Крушево.

Очекуваните резултати од проектот се поттикнување и развој на туризмот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи