Сопственикот на хотелот Панорама и спа и ски центарот Алто донира храна за народната кујна во Крушево. Донацијата обезбедува храна за еден месец и топли оброци за граѓаните од социјално ранливи категории.
„Во име на општина Крушево и сите граѓани се заблагодарувам за оваа голема донација која ќе помогне на оние на кои најмногу им треба. Донираната храна ќе обезбеди оброци за цел еден месец за сите корисници на народната кујна во Крушево.“, истакна градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
На донаторот се заблагодарува и директорката на детската градинка „Гонча Туфа“ Мери Христоска во чиј состав е сместена народната кујна.
114