Димитров : Ковачевски не се разбира од надворешна политика


Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров пред новинарите го искритикува и мандатарот Димитар Ковачевски. Тој посочи дека лидерот на СДСМ и иден премиер, не се разбирал од надворешна политика.

„Мене идниот премиер никогаш не ми бил шеф. И не сум сигурен дека бил во позиција да ја следи мојата работа и да биде во тек со сите напори кои ги имам направено во изминатиот период. Тој нема искуство и знаење во делот на надворешната политика. Наш општ шеф е народот и тој ја дава својата оценка на избори. Јас бев еднаш на избори како носител на листа и победив. Ќе има други избори, можеби ќе бидам дел од нив и таа оценка ќе ја чекам. Меѓутоа, би рекол, непристојно е да се зборува за резултати од мојата работа во последниве четири години и седум месеци, кога сите знаеме дека најголемите успеси беа во областа на надворешната политика. Јас и во поголемиот дел од тие четири години и седум месеци како министер за надворешни работи и како вицепремиер за европски прашања од 1 година и четири месеци вклучен во европската дипломатија, го имав главниот збор токму во оваа област“, додаде Димитров.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи