Едно возило за јавен превоз во Прилеп сообраќало со неисправни сопирачки

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Полициски службеници од СВР Битола денеска (12.01.2022) од 8 до 14 часот, спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. При контролата, биле откриени и санкционирани пет возила со неисправни сопирачки, кои веднаш се исклучени од сообраќајот, а изготвени се и соодветни поднесоци.

Од нив четири возила на територија на Битола и едно возило на територија на Прилеп.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи