Се одложи средбата која требаше да се одржи помеѓу претседателот Стево Пендаровски и забранетата партија ОМО Илинден Пирин на Македонците од Бугарија, потврдуваат за дел од медиумите од партијата. Датумот за нова средба не бил утврден, а причина за одложувањњето била состојбата со пандемијата со коронавирусот. Од ОМО Илинден Пирин не сакаат да коментираат ништо во врска со целите на посетата.
Инаку неодамна од кабинетот на шефот на државата потврдија дека Пендаровски ќе има средба со претставници на Македонците кои живеат во Бугарија. Тие упатиле барање до претседателот за средба, а тој позитивно одговорил.
101