Мерки за вработливост на млади лица се повеќе од потребни!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Невработеноста и неподготвеноста да се излезе на пазарот на труд претставува најголем проблем со кој се соочуваат младите лица по завршување на нивното формално образование.

Како уставно загарантирано право, правото на работа претставува можност за социјално и економско градење на младите лица како личности пред се, спремни да придонесуваат за подобрување на средината во која живеат. Не можноста на остварување на ова право доведува до, пред сé, психички проблеми, апатија, незаинтересираност, инертност кај младите лица, а потоа придонесува и до појава на одредени девијантни
однесувања кои се штетни за себе и за околината во која живеат.

Локалните и националните власти со поддршка на граѓанскиот сектор треба да промовираат можности и обезбедуваат поддршка за младите луѓе. Институциите треба да ги создадат овие можности со цел младите луѓе да се вклучат подготвени на пазарот на труд преку создавање на мерки за вработливост исклучиво наменети за млади лица кои би биле лесно пристапни за сите заинтересирани.

Младите како динамична социјална група, имаат потреба од зголемена поддршка од страна на институциите и право на консултација во однос на прашања кои се во нивни интерес. Младите лица, преку досега воспоставениот систем на мерки за вработливост, се само крајни корисници, без право да учествуваат во создавање на истите.

Мерките за вработливост наменети за млади лица треба да претставуваат почетно средство и начин за задржување на младото население во нашата држава, да се спречи масовна емиграција на работоспособно население, како високо квалификуваното така и ниско квалификуваното. Како индиректно влијание на подобрување на вработливоста кај младите е и зајакнувањето на животниот стандард на населението, што значи отворање на нови можности.

Согласно уставно загарантираната обврска со која државата се обврзува да се грижи за социјалната сигурност на граѓаните и да обезбедува социјална праведност, и тоа како е потребно донесување на мерки за вработливост за млади лица.

Повеќе на дадената тема може да прочитате во следниот ДОКУМЕНТ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи