Предлогот за составот на новиот владин кабинет кој го достави мандатарот, Димитар Ковачевски, во следните два дена ќе биде пред пратеницитe.
Седницата ќе трае денеска и утре а за Владата мора да се гласа најдоцна до утре на полноќа за избор на новиот владин состав треба да гласаат најмалку 61 пратеник.
Почетокот на седницата е закажан за 11 часот денеска, а за избор на новиот владин состав треба да гласаат најмајку 61 пратеник.
Новата Влада што треба да ја предводи Димитар Ковачевски ќе брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ 6, а Алтернатива 3 министри.
Новиот владин кабинет ќе има еден член повеќе од претходниот – министер без ресор за дијаспора, место што ѝ припадна на Алтернатива.
108