Брус Спрингстин e најплатениот музичар во 2021

Play Video

Брус Спрингстин, со заработка од 590 милиони долари е прогласен за најплатен музичар за 2021 година, објави списанието „Ролинг стоун“.

Најголем дел од заработката е од продажба на своите песни и авторските права на „Сони мјузик“, договор кој беше проценет на 550 милиони долари и тоа воедно претставува најголема продажба што еден музичар некогаш ја остварил.

Дискографијата на која сопственик стана „Сони“ вклучува 20 албуми од Спрингстин, 300 песни, 23 плочи во живо и уште многу други работи, меѓу кои и хитовите како „Born to Run“, „The River“ и „Born in the USA“.

Претходно слични вакви договори имаа потпишано и Боб Дилан, групата „Блонди“ и Дејвид Боуви.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи