Прилеп трет по број на заразени во Македонија – моментално активни се 890 случаи

Бројот на активни случаи со ковид во земјава се зголемува. Најмногу заразени има во Скопје (8609), Битола (1456) и Прилеп (890), додека пак најмлаку има во Дојран (7).

За 16 дена, бројот на активни случаи се зголемил за над 11.000 и сега тој изнесува 16.132.

Досега во земјата се направени вкупно 1.706.696 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 244.632, бројот на оздравени пациенти е 220.400, на починати е 8.100, а бројот на активни случаи изнесува 16.132.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи