Денеска 17.01.2022 година и официјално завршии олимпискиот циклус со што се знаат кандидатите за претстојната зимска олимпијада во Пекиг 2022. Од Македонија кандидати во нордиско скијање ќе бидат Ставре Јада и Ана Цветановска, заедно со нивниот тренер Борче Јованоски
„На Олимпијада ќе настапиме на следниве трки и дисциплини – Ана Цветановска: скијатлон 7.5 км. класичен стил и 7.5км слободен стил односно 15 км. и 10 км .во класичен стил. Јас ќе настапам на спринт 1.5 км. и потоа на најтешката дисциплина 50 км. каде одам со една цел да завршам и да не заостанам повеќе од 30 мин., а со тоа да станам првиот Македонец што завршил 50 км. со заостаток од по 1 час. Сега сме во Италија каде се враќаме во Македонија непосредно пред тргање за Пекинг“, вели нашиот репрезентативец Ставре Јада за кого ова ќе биде второ учество на Олимпијада, а за Цветаноска тоа ќе биде прво.
215