Утрово најстудено со -10 степени беше во Берово, -8 Скопје-Петровец, Битола, -7 Крива Паланка, Демир Капија, Струмица, -6 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Прилеп, Штип, Куманово, -5 Гевгелија, -4 Виница, Дебар, -3 Претор, -2 Охрид, Крушево, Дојран, Попова Шапка,-1 Маврови Анови.
Во текот на ноќта и утрово беше претежно ведро и тивко, утрово во западните делови има мала до умерена облачност.
Времето денеска променливо облачно, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен локален снег, а во пониските локален дожд и снег. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Кон крајот на денот и во источните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.
Максималната температура ќе достигне од 4 до 12 степени.