„Baby Shark“ – прво видео со над 10 милијарди прегледи на Јутјуб

Play Video

Популарната детска песна „Baby Shark“ е првото видео на платформата Јутјуб кое што достигна над 10 милијадри посети, што официјално стана најгледаното видео на популарната платформа.

Оваа песна за деца ја осмисли јужнокорејската компанија која се занимава со образование, „Пинкфонг“, а ја изведе пејачката Хоуп Сегоин. Беше објавена во 2016 година и веднаш стана вирален хит во Азија, а веднаш потоа и низ целиот свет.

Најгледаното видео на Јутјуб покажува две вистински деца што демонстрираат танц на бебе ајкула, додека анимирана ајкула и нејзиното семејство, вклучувајќи го и дедото со мустаќи на ајкула, мирно пливаат и подоцна се обидуваат да ги фатат децата. Сепак, тие не успеваат и децата ја слават својата безбедност додека ајкулите гледаат оддалеку.

За да прослави 10 милијарди прегледи, „Пинкфонг“ ги покани децата од целиот свет да го споделат својот „танц на ајкула“ на интернет.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи