ВИДЕО – Петков пречекан со највисоки државни и воени почести


Новиот бугарски премиер Кирил Петков пристигна во еднодневна посета на Македонија и беше пречекан со највисоки државни почести. Прв кој го пречека беше министерот за надворешни работи Бујар Османи кој го пречека Петков уште на скопскиот аеродром.

Потоа бугарската делегација пред Владата ја пречекаа и премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, како и од членови на Канцеларијата на претседателот на Владата и на Министерството за надворешни работи.

Според агендата за посетата, премиерите Ковачевски и Петков ќе имаат тет-а-тет средба, а одделни средби ќе имаат и вицепремиерот Бојан Маричиќ со потпретседателот на бугарското Народно Собрание, Кристиан Вигенин, министрите за надворешни работи на двете држави, Бујар Османи и Теодора Генчовска, како и министрите за транспорт и врски Благој Бочварски и Николај Сабев.

Петков е придружуван од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, заменик-спикерот Кристијан Вигенин и бугарскиот министер за транспорт и врски.

Според програмата предвидено е и заедничка прес конфереција на премиерите Ковачевски и Петков.

Премиерите Ковачевски и Петков, потоа, во Клубот на пратениците, официјално ќе го промовираат и проектот за помош во развојот  „Електронски дневник за лица со дијабетес“, кој премиерот Петков ќе му го врачи на премиерот Ковачевски како донација на Република Бугарија.

Петков ќе има посебни средби и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи