Во Прилеп Светиот крст во базенот во црквата Свето Благовештение го фати 13 годишниот Марко Ристески.
„Имам 13 години, прв пат се пријавувам да се фрлам по Светиот крст, отсекогаш сум сакал и еве ми се исполни желбата. Учам во 8 одделение во ООУ „Рампо Левката“ во Прилеп. Се чувствувам многу возбудено, малку само ми студеше, не многу. Очекувам здравје и среќа пред се, а другото само ќе си дојди“, истакна Марко Ристески, оној кој го фатии Светиот крст во Прилеп.
Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, му подари крст и на него и неговото семејство му посака здравје, успех и среќа.
„Денеска е голем празник Богојавление, ден кога се крстил Исус Христос, една од Светите тајни во Христијанството. На овој ден наназад други години се собирале повеќе посетители, многу повеќе верници, но со оглед на пандемијата и рестриктивните мерки оваа година има помалку. Се надевам дека оваа повеќе вековна традиција ќе продолжи и в година со прекинување на овие рестриктивни мерки. Ги поздравувам свештениците, вернциите, МПЦ, Преспанско – Пелагониската Епархија, а на малиот Марко му посакувам здравје на него и неговото семејство“, рече Борче Ристески, градоначалник на Прилеп.