ВИДЕО – По втор пат Водици одбележан со капење во замрзнатото Плетварско езеро во издлабена дупка во форма на крст


Втора година по ред група млади спортисти, планинари и верници од Прилеп празникот Богојавление го одбележаа на уникатен начин со капење во водите на замрзнатото Плетварско езеро. Ова е единствен ваков настан во Македонија за одбележување на Водици со правење дупка во форма на крст во дебелиот езерски мраз длабок околу 15 сантиметри. Организаторите велат дека идејата ја добиле лачнии слушајќи како порано дел од нивниите дедовци го прославувале празникот.

„Конкретно од мојот дедо кој мии кажуваше како порано во минатото го празнувале овој голем христијански празник, така ми се роди идејата и затоа минатата година решивме една група на спортисти да го одбележиме вака празникот и да започнеме една традиција, без скокање по светиот крст, туку исклучително за здравје, мир, љубов и спокој. Иако и оваа година пандемијата е се уште тука чувството е уште посилно како и надежта и верата. И имавме среќа и оваа година езерото да биде замрзнато и со кршење на мразот да го направиме Светиот крст и влегуваме во водите и да го одбележиме овој православен празник“, додаде Дарко Неданоски, организатор на настанот.

Денеска на настанот присуствува 30-тина учесници од кој една беше девојка. Некои за прв пат влегуваат во осветените води на овој ден, а некои се фрлале по крстот и по неколку пати, но годинава одлучиле тоа го направат на најуникатниот начин во државава.

 „За многу години нека е празникот Богојавление, оваа година благодарение на Даре организацијата е одлична. Му препорачувам на сите млади да ја искористат в година оваа приликата и ова да прерасне во традиција“, рече Антонио Гически, учесник на настанот.

 

„Нема некоја разлика кога се фрлаш по крстот во градските базени и тука. Чувството е прекрасно, телото се опушта, влчегуваме во Светите води и нека е за многу години празникот Бог се јави“, додаде Антони Стомнароски, учесник на настанот.

 

„Ова ми е втор пат како што влегувам во светите води, пред 2 години влегов во градски базен, годинава пак влегувам, не се фрламе сега како изминатите години туку влегуваме во форма на крст и чувството е прекрасно“, кажа Стефанија Перканоска, учесник на настанот.

Поради пандемијата и тука настанот се случи со присуство на верници од помал број, но доколку наредната година конечно заврши пандемијата се планира овој настан да прерасне во голема манифестација со присуство на гости и од други градови од Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи