ЛАГ АГРО ЛИДЕР на 20-ти Јануари 2022 година оствари средба со градоначалникот на општина Долнени – г-н Урим Ибески и претставници на општина Долнени на која се потпиша Меморандум за соработка со главна цел фокусирана на обезбедување на услуги за поддршка на жителите од руралните средини, особено жените-земјоделки согласно активностите на проектот “Социјална правда во руралните заедници преку зајакнување на дигиталните и претприемничките вештини на жените од руралните средини” поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија
Социјалната правда, покрај хуманизмот и солидарноста, е една од темелните вредности на македонскиот уставен поредок. Сите ние, политичките претставници, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор треба да дадеме свој придонес во градењето на поправедно и похумано општество за сите граѓани.
Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР активно делува за за промовирање на концептот на социјална правда зошто секој заслужува еднакви економски, политички и социјални права и можности.
121