Регулаторната комисија донесе одлука за ново покачување на цените на горивата. Од полноќ цените на горивата се зголемуваат за 2 денари по литар.
Според последниот ценовник малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 78,5 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС – 98 ја помина цената од 80 денари и ќе се продава за 80,5 денари по литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и Екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) изнесуваат 71 денари за литар.
115