Спомен-куќата на Тоше Проески утре со музичко-сценски настан под наслов „Ангел си ти“ ќе го одбележи 41. роденден на незаборавениот Тоше.
Од Спомен-куќата објавија дека денот ќе се одбележи со крводарителска акција, која ќе трае од 10 до 16 часот, но исто така ќе има и промоција на книга на Бојан Тодоровски, како и на збирката песни „1.200 молитви за Тоше“. Промоциите ќе бидат придружувани со настапи на Никола Зацески со групата „Мелем“ и на Горан Папаз.
Во 12:30 часот присутните ќе го посетат вечното почивалиште на Тоше, а од 14 до 16 часот ќе има музичко-сценски настан во изведба на Камерен оркестар на Битола, Пијано трио – Скопје и солисти на Македонската опера и балет под диригентската палка на Владимир Димовски.
119