Чекор напред во олеснување на работата на персоналот во инфективно одделение но и олеснување за тешките болни кои се хоспитализирани. Од денес сместивме мобилен рентген апарат во склоп на инфективно одделение кој направивме напори да биде поврзан со РИС системот, се вели во ФБ статусот на Општата болница од Приеп – „Борка Талески“.
„Така тешките болни ќе ги снимаме во кревет, а електронски рентгенологот ја добива сликата па дава стручен извештај на инфектолозите. Ова е големо олеснување во дијгностички цели, но и следење на текот на пнеумониите настанати како последица на Ковид инфекцијата“, велат од општата болница од Прилеп.
150