На 26.01.2022 во 08.10 часот во ОВР Прилеп e пријавено дека околу 07.00 часот настанал пожар во викенд куќа на м.в. Бегова ливада, прилепско, во која живеел Т.М. (89), кој починал на лице место.
Од ТППЕ Прилеп велат дека интервенирале со 2 возила и 8 пожарникари. Кога го изгаснале пожарот забележале дека во викендицата има и изгорено тело.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а од страна на Јавен обвинител телото е предадено на семејството.
109