Со инвестиција од 39 милиони денари прилепската гимназија доби комплетно нов современ лик

Play Video

Гимназијата не можеше да добие подобар роденденски поклон, бидејќи вчера беше роденденот на оваа гиманзија. На вчерашен ден прв пат е почната со работа оваа училишна зграда и тоа е многу битно за нас. Во оваа година и во претходните 2 години во гимназијата е инвестирано она што не се инвестирало во претходните 50 години. Истакна денеска директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, Димче Настоски.

Во 2019 година поднесовме основен проект до Министерството за образование кој што предвидуваше целосна реконструкција на гимназијата. Но поради обемноста на проектот се подели во 3 фази. Првата фаза беше реализирана минатата година кога како што знаете и вие беше обновен покривот на гимназијата по цела негова големина. Оваа година се реновира фасадата, по сите енергетски правила и прописи, се реновира дограмата, се реновира дел од подрумскиот простор каде се добиени 4 нови простории кои ќе придонесат за унапредување на кабинетската настава. Исто така за прв пат во гимназијата се поставени санитарни јазли за ученици со посебни потреби, лифт за ученици со посебни потреби и како што видовте на почетокот платформа со ученици со посебни потреби. Во подрумските простории се добиени и 2 нови санитарни јазли, со што тој дел е целосно спремен за настава“, рече Настоски.

И локалната самоуправа одобри средства за целосно реновирање на кабинетот по информатика, целосно реновирање на водоводната и канализациона мрежа, како атмосферската, така и фекалната канализација и целосно ново партерно уредување кои што поради административни проблеми не беа реализирани минатата година, но средствата од ланската календарска година се префрлени во буџетот за оваа година и се надеваме дека некаде до крајот на април ќе завршиме со ова.

А сега со премиерот и министерот разговаравме и за реализација на третата фаза од конечно реализирање на основниот проект, а тоа е внатрешното уредување на гимназијата, подови, ѕидови, тавани, врати, ходници и скали. Тоа е уште еден проект во висина помеѓу 25 и 26 милиони, со што се планира тоа да го завршиме до 1 септември, односно почетокот на наредната учебна година и да добиеме зграда која може да служи уште наредните 80 години“, Настовски.

Министерот за образование Јетон Шаќири рече дека сите градежните работи се веќе завршени и гимназијата е подготвена за започнување на второто полугодие со физичко присуство на учениците и наставниците.

„Поради градежните активности во насока на осовременување на училишниот објект, како што знаете и самите во првото полугодие наставата на учениците во ова училиште ја следеа онлајн. Министерството за образовние и наука со инвестиција од 39 милиони денари во овој објект спроведе сериозни градежни зафати со кои целосно ја модернизираше училишната зграда. Гимназијата доби целосно нов надворешен изглед со нова енергетски ефикасна фасада, но и ново внатрешно уредување со замена на прозорци, подови и санитарни јазли, како и поставување на лифт. За овие работи се одвоени 23,2 милиони денари. Претходно со инвестиција од 14,4 милиони денари направивме целосна замена на дотраената кровна конструкција“, рече Шаќири.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи