ВИДЕО – Се отвори подрачна канцеларија на Центарот за социјална работа во Долнени, утре ќе се отвори и во Кривогаштани


По пауза од неколку години повторно се отвораат подрачни канцеларии на Центарот за социјална работа од Прилеп во Општините Долнени и Кривогаштани, кои ќе бидат сместени во општинските згради. Канцелариите се отвораат преку проект на ЛАГ АГРО ЛИДЕР, поддржан од Австриското министерство за социјална заштита, a целта е услугите на центарот и правата на граѓаните да се доближат до руралните средини.

„Да прашаат кои права се нови, кои им следуваат согласно со законот, далии ги исполнуваат условите, доколку се јави помош, од страна на вклучените во проектот преку ЛАГ АГРО ЛИДЕР ќе им се потполнат потребните барања. Ќе имс е укаже помош при вадењето на потребната документација. Тука е и семејното насилство, тука се и бракот, семејството, мировните постапки. Така што имаме сериозен обем на работа“, изјави Дејан Тошески, директор на Центар за социјална работа Прилеп.

Од ЛАГ АГРО ЛИДЕР велат дека особено ќе се подобрат можностите и правата на руралните жени.

„Жените од руралните средини кои што се соочуваат со  ограничени можности да пристапат до информации, да добијат дополнителна поддршка, за да можат да ги остварат своите права или да аплицираат за мерки согласно националните програми да можат да добијат услуги преку мобилните тимови на ЛАГ АГРО ЛИДЕР. Навремено да се информираат и да добијат дополнителна поддршка како да аплицираат за одредени права и како да ги остварат своите права“, додаде Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Луѓето во селата се соочуваат со поограничении можности до пристапот за своиите права токму затоа во состав на проекто се формирани и мобилни тимови кои ги посетуваат граѓаните во домовите.

„Ние сме тука дополнително да ги информираме за се она што им следува на граѓаните по закон и за се она за кое исполнуваат услови за да го остварат. Најголем проблем со кој што се соочуваат е најчесто непристапност до центарот, па затоа и ние сме тука на терен“, рече Магдалена Станојоска, дел од мобилните тимови вклучен во проектот.

 

„Општина Долнени е секогаш отворена за соработка со граѓанскиот сектор. Со заедничка цел подобар живот на нашите граѓани и одржлив развој на Општина Долнени“, истакна Урим Ибески, градоначалник на Долнени.

Во Кривогаштани канцеларијата ќе работи во понеделник и среда, а во Долнени во вторник и четврток.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи